Изберен најповолен изведувач за реконструкција на подот во Спортската сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Денес, со спроведената  е-аукција од страна на Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица беше избран најповолен изведувач за реконструкција и санација, односно замена на подот во спортска сала во училиштето.

Најниска цена од 3.090.000,00 денари на е-аукцијата поднесе понудувачот Друштво за производство, трговија и услуги ГИВ ГРУП ДОО увоз-извоз Скопје . Предвидениот рок за изведба на градежните активности е 5 месеци од денот на потпишување на Договорот за реконструкција и санација. Конечната одлука,согласно роковите за спроведување на постапката, ќе ја донесе одговорното лице, за што ќе бидете дополнително информирани.

Со ова, општина Македонска Каменица преку спроведувањето постапката од страна на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ започнува со реалзација на програмските определби и дадени ветувања за зголемена грижа за младите и подобрување на условите за работа во училиштето и спортските клубови во Македонска Каменица.
Споретската сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, иако е изградена во почетокот на осумдесетите години на минатиот век, освен вршење на ситни поправки на оштетувањата, воопшто не е реновирана или санирана. Ова е само прв чекор од предвиденото целосно реновирање и обнова на овој спортски објект од огоромно значење за граѓаните на Македонска Каменица и развојот на спортот во општината.

Сподели

Остави коментар