ИЗВЕСТУВАЊЕ

До: Здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и други форми на здружување од областа на спортот

Предмет: Известување до Здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и други форми на здружување од областа на спортот чие што седиште е на територијата на општина Македонска Каменица, а кои што имаат добиено финансиски средства од Буџетот на општина Македонска Каменица во 2021 година

Согласно Член. 49 став 5 од Законот за здруженија и фонадации („Службен весник на РМ“ број 52/10, 135/11, 55/16) Здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и други форми на здружување од областа на спортот кои добиле финансиски средства од Буџетот на општина Македонска Каменица во 2021 година се должни да достават деловен и финансиски извештај до Совет на општина Македонска Каменица за реализацијата на доделените средства.

Во прилог на финансискиот извештај треба да биде приложен и наративен извештај во кој ќе биде образложено, како и за кои цели се потрошени доделените финансиски средства од Буџетот на општина Македонска Каменица.

Наративниот и финансискиот извештај до Архива на општина Македонска Каменица треба да биде доставен најдоцна до 11.02.2022 година.

Сите здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и други форми на здружување од областа на спортот кои добиле финансиски средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица во 2021 година, а кои нема да достават финансиски извештај во предвидениот рок или нивниот финансиски извештај нема да биде усвоен на Советот на ЕЛС Македонска Каменица, нема да бидат во можност да аплицираат на Јавниот повик за финансирање за 2022 година.

Општина Македонска Каменица

Градоначалник

Димчо Атанасовски

Сподели

Остави коментар