Нови 630.000,00 евра од државата за изградба на локални асфалтни патишта во општина Македонска Каменица

Со финансии од Меѓунароната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта Владата донесе Одлука за алоцирање на средства во износ од 70.000.000,00 евра. Според претхоно утврден систем на доделување на средства за општините во државата и Град Скопје, општина Македонска Каменица доби 630.000,00 евра за изградба на локални патишта со кои ќе бидат поврзани неколку селски средини.

Општина Македонска Каменица веќе има аплицирано со повеќе проекти за изградба на локални патишта во неколку селски средини од Општината и според утврдената динамика на доделување на средства , ќе започне нивната реализација.

 

Сподели

Остави коментар