Новогодишни солидарни пакети за болните и изнемоштени пензионери од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 25.12.2019 година – Претставници на Здружението на пензионери и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова започнаа со традиционалната активност на посета на домовите на изнемоштените и болни пензионери. При посетата на домовите, на 90 лица пензионери кои се ограничени со можноста за движење и присуство на останатите настани и манифестации организирани од Здружението на пензионери, во соработка со општина Македонска Каменица им доделува солидарни пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена.

„Здружението на пензионери е една од најактивните организации во нашата општина и доста активно Здружение на пензионери во целата држава. Тоа го покажуваат и денес со оваа акција со која покажуваат внимание кон нивните членови, кои заради здравствени и социоекономски причини се оневозможени да партиципираат во настаните и манифестациите што ги огранизира Здружението на пензионери во Македонска Каменица“ – изјави градоначалничката Стаменкова, која ја искористи приликата да им посака многу здравје, пријатно расположение и убави моменти со најблиските за време на претстојните новогодишни празници на сите пензионери и граѓани од општина Македонска Каменица.

Претседателката на Здружение на пензионери од Македонска Каменица, Јаворка Соколовска кажа дека „во соработка со локалната самоуправа, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова, традиционално на своите изнемоштени членови им подарува солидарни новогодишни пакети, од причина што тие не можат да учествуваат во останатите манифестации и настани во текот на годината. Со ова на дело уште еднаш се покажува блиската соработка со локалната самоуправа и грижата на Здружението за своите членови и сограѓани“.

Сподели

Остави коментар