Обезбедени средства за изградба на повеќе локални патишта и изработка на урбанистички планови за селските средини

Преку Програмата за финансиска поддршка за развој на земјоделието и рурален развој, општина Македонска Каменица обезбеди финансиски средства во износ од 12.000.000,00 денари за изградба на локални асфалтни патишта во село Косевица, и тоа до маало Бошњаци, Врбаци и Пашите.
 
Исто така, финансиски средства од скоро 6.000.000,00 денари добиени од Програмата за финасиска поддршка за развој на земјоделитето и руралниот развој, ќе бидат наменети за изработка на урбанистички планови во селата Луковица, Моштица и село Саса.
 
Реализирањето на двата проекти се очекува да започне веднаш по завршувањето на изборниот процес.

Сподели

Остави коментар