Објавен тендер за изградба на атмосферска канализација во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица објави Оглас за јавна набавка за Изградба на атмосферска канализација на дел од уличната мрежа во Македонска Каменица.

„Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Оваа атмосферска канализација ќе биде поврзана со веќе постоечката, со што целосно се затвара системот за одводнување на атмосферските води. Реципиент на атмосферските води ќе биде Каменичка река, каде со завршувањето на овој проект, создаваме услови за продолжување и дореализација на проектот за доизградба и уредување на градскиот кеј на реката, – изјави градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова

Крајниот рок за доставување на понудите е  30.12.2020 година. Договорот за јавната набавка ќе биде со време траење од 240 дена. Заинтересираните економски оператори Огласот за јавната набавка можат да го најдат на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/d4e8f6c9-6186-4881-b5a5-611c83ded331/14

Сподели

Остави коментар