Одбележан 1.Април – „Денот на шегата“ во Македонска Каменица

Денес во организација на ЈОУДГ „Бамби“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица се одбележува 1-ви Април, Денот на шегата.

Дечињата облечени во најразлични маски го окупираа градот со смеа, радост, детски песни и игри. Маските беа празник за очите на нивните родители, баби и дедовци, роднини, другарчиња и многубројни граѓани кои излегоа на градскиот плоштад и улиците, да ги поздрават најмилите. Маските ги имаше во најразлични варијанти, костими од различни професии, од различни стрип јунаци, од спортски екипи и во нешто природно. Најважни беа насмеаните лица на нашите најмлади што го облеаа градот со среќа и радост. Кон маскенбалот оваа година се приклучија и штитениците кои го посетуваат Дневниот центар во Македонска Каменица.

 

Маскенбалот по повод 1-ви Април –  „Денот на шегата“, заврши на градскиот плоштад, каде присуствуваше и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Дефилето со маски се движеше по улиците Осоговска, Александар Македонски и улица Самоилова.

 

Сподели

Остави коментар