Општина Македонска Каменица набавува нова вертикална сообраќајна сигнализација

Врз основа на огласот број 26/2018 објавен од страна на општина Македонска Каменица, за доделување на договор за јавна набавка на: Дизајнирање, печатење и испорака на сообраќајни знаци за потребите на општина Македонска Каменица со спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk), и на тендерска документација донесе одлука фирмата „Виа Сигнал“ ДООЕЛ Скопје да изврши достава на вертикална патна сигнализација (сообраќајни знаци) за потребите на Општината.

Станува збор за набавка и испорака на вкупно 76 сообраќајни знаци и набавка и испорака на 76 столбови за сообраќајни знаци со вкупна вредност на набавката од 115 292 денари без ДДВ. Рок на испораката е еден месец од денот на потпишување на договорот за набавка, односно до 13.09.2018 година.

 

Сподели

Остави коментар