Општина Македонска Каменица потпиша Меморандум за подигнување на јавната свест при селектирањето на отпадна електронска опрема, отпадни батерии и акумулатори

Денес во работна посета на општина Македонска Каменица беа претставници на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје – лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема. На средбата беше потпишан меморандум за соработка во делот на подигнување на јавната свест за селектирање на електричен и електронски отпад и отпадни батерии и акумулатори заради остварување на заедничките цели на Општина Македонска Каменица и ЕЛКОЛЕКТ ДОО а во насока на подобрување на животот на граѓаните и зачувување на здравјето и животната средина.

Овој Меморандум има за цел да ја дефинира и потврди соработката помеѓу: Општина Македонска Каменица и ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје, со цел успешно и непречено спроведување на активностите. За таа цел Општината ќе именува одговорно лице за комуникација со ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје. Општина Македонска Каменица и ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје се согласуваат да соработуваат околу следново: Општината се согласува да:

Целта на соработката е спроведување на активности за подигнување на јавната свест за селектирање на отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.
комуницира и соработува со ЕЛКОЛЕКТ ДОО за сите прашања поврзани со спроведување на активностите за подигнување на јавната свест за селектирање на отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.
ЕЛКОЛЕКТ ДОО се согласува да:

навремено ја известува Општината за сите активности кои ќе ги превзема во врека со обвреките кои произлегуваат од овој Меморандум за соработка,
достави брошури/лифлети и друг промотивен материјал за подигање на јавната свест на жителите од општината, и
успешно ги спроведува одредбите од договорот за соработка склучен со Општина Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар