Потпишан договор за Бетонски работи и партерно уредување на површини во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица потпиша договор со „Класик Компани 2010“ ДООЕЛ – Охрид за изведување на тековни градежни активности на територијата на Општината. Со овој договор, кој има рок на траење од една година  15.08.2019 година, фирмата изведувач се обврзува да изврши Бетонски работи, партерно уредување на површини и изградба на потпорни зидови, канали и мостови во Македонска Каменица. Договорот е со вкупен износ од 7 295 702 денари (седум милиони двеста деведесет и пет илјади седумстотини и два денари).

Двете страни потписници на договорот, се обврзуваат на квалитетот при градењето и утврдена динамика на активностите. При потпишување на договорот е утврдена и листа на приоритети на активности потребни на жителите од општина Македонска Каменица, со цел подобрување на нивните услови на живеење, како од градската, така и во селските средини.

Целосниот текст од договорот можете да го погледнете тука: Договор на јавна набавка на работи – Градежни активности 

Сподели

Остави коментар