Презентирана техничката и тендерската документација за јавно улично осветлување според ESCO моделот

 

На 5 септември во Стопанската комора се одржа работилница на која ќе беа презентирани техничката и тендерската документација за јавното улично осветлување изготевни од страна на пилот-општините. Основните начела на ЕСКО моделот, договорот за енергетски услуги што согласно подзаконските акти што се подготвуваат ќе мора да се потпише меѓу давателот и корисникот. Како и постапка за јавно-приватно партнерство за објавување на тендерската документација од страна на општините.

Техничка и тендерска документација за јавно улично осветлување покрај четирите останати општини учесници на работилницата, беше презентирана од претставници на општина Македонска Каменица.

Наша цел со реализацијата на овој проект е заштеда на трошоците, подобра услуга за граѓаните и борба против климатските промени. По истекот на договорот, опремата и целокупната заштеда на енергија останува во сопственост на крајниот корисник, во овој случај нашата општина. Проектот предвидува поставување на енергетски-ефикасно јавно улично осветлување во само неколку општини, меѓу кои се наоѓа и општина Македонска Каменица.

 

Сподели

Остави коментар