Распишан тендер за асфалтирање на локалниот пат до маало Бошнаци, Врбаци и Пашите во село Косевица

Општина Македонска Каменица започна отворена тендерска постапка за избор на изведувач на градежни активности за изградба на локалнен асфалтен пат до маало Бошнаци, Пашите и Врбаци во село Косевица.

Средствата за изградба на локалниот пат, во висина од 12.000.000,00 денари се обезбедени преку Програмата за финансиска поддршка за развој на земјоделието и рурален развој. Крајниот рок за целосно завршување на предвидените градежни активности е 1 година, односно 365 дена од изборот на најповолен понудувач.

Со асфалтирањето на оваа делница, општина Македонска Каменица трајно го решава проблемот на жителите од село Косевица , проблем со кој се соочуваат децении наназад.  Како одговорна локална самоуправа, која се грижи за квалитетот на живот во општина Македонска Каменица покажува дека продолжува да работи на остварување на реалните потреби на граѓаните како во градската, така и во селските средини во општина Македонска Каменица.

Линк до објавениот Јавен оглас тука

Сподели

Остави коментар