Распишан тендер за доопремување на товарно ПП возило за потребите на ТППЕ Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица распиша тендер за доопремување на Товарно возило тип Great Wall Steed 5.
Доопремата вклучува инсталирање на агрегатна високопритисна противпожарна пумпа, витло со млазница и резевоар за вода и пенило.

Со ова општина Македонска Каменица ќе задоволи дел од потребите на ТППЕ за непречено интервенирање и во најоддалечените рурални средини и планински простори на територија на општината. Ќе се зголеми ефикасноста на единицата и безбедноста на граѓаните и нивните имоти ќе биде на повисоко ниво.

Целосниот Јавен оглас можете да го погледнете овде.

 

Сподели

Остави коментар