ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ЖИТЕЛИТЕ ОД СЕЛСКИТЕ СРЕДИНИ

Врз основа на Правилник за правото и начинот на користење на бесплатен превоздонесен од страна на Советот на општина Македонска Каменица , заведен под број 08-1905/1 од 10.10.2016 година, Градоначалникот на општина Македонска Каменица го распишува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК зА користење на бесплатен превоз за жителите од селските средини

Се известуваат граѓаните жители на селата: Моштица, Саса 1 и Саса 2, Луковица, Косевица, Костин Дол, Цера 1 и Цера 2, Дулица и Тодоровци, дека согласно Правилник за правото и начинот на користење на бесплатен превоз заведен под број 08-1095/1   од 10.10.2016 година може да користат басплатен јавен превоз. Бесплатниот јавен превоз може да го користат следните категории на граѓани:

  •  –       Пензионери
  • –       Лица корисници на социјална парична помош
  • –       Лица корисници на постојана парична помош
  • –       Хендикепирани лица

Заинтересираните лица треба да ги достават следните документи:

  • –       Барање
  • –       Фотокопија од лична карта
  • –       Чек од последната исплатена пензија
  • –       Решение за користење на социјална или постојана парична помош
  • –       Соодветна медицинска документација

Потребната документација треба да ја доставите најдоцна до 20.01.201година кај лицето Дејан Постоловски – сообраќенинжинер вработен во општина Македонска Каменица (контакт телефон 070/552-691)

Користењето на бесплатниот јавен превоз ќе започне од 03.02.2017 година и ќе се врши еден ден во неделата ден петок. Локацијата, времето на поаѓање и на враќање за секое населено место ќе бидат дополнително утврдени во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Градоначалник

д-р Дарко Митевски

Сподели

Остави коментар