ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика, објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година.

Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори

Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава, која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика
Пријава за учество во Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година
во својство на РЕОНСКИ ИНСТРУКТОР / РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧ

Сподели

Остави коментар