Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, во рамки на своите овластувања и надлежности за огласување и спроведување на Јавни набавки, започна отворена постапка за прибирање на најповолна понуда за целосна рекострукција и санација на системот за затоплување во училишната зграда. Планираниот рокот утврден во Јавниот оглас до изведдувачите за почеток на изведбата е 15.06.2019 година (веднаш по завршувањето на учебната година), додека краен датум за завршување на реконструкцијата и санацијата на објектот е 31.12.2019 година. Со обновувањето и реконструкцијата на системот за парно греења значително ќе се подобрат условите за престој и работа во училиштето.
Во текот на минатата година Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица веќе изврши комплетна замена на надворешната, т.е фасадна столарија на училиштето со што додатно е зголемена енергетската ефикасност на објектот и заштедата на енергенси за затоплување на училиштето.
До целосната документација и огласот објавен од страна на ООУ „Св Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица можете да дојдете доколку кликнете овде.