Улица „Вера Јоциќ“ во Македонска Каменица со нов асфалт

Активностите за финализирање на градежните работи за реконструкција и доизградба на улица „Вера Јоциќ“ во централносто градско подрачје на Македонска Каменица добија на интензитет со подобрувањето на временските услови за работа. Реконструкцијата на улицата со вкупна должина од 470 метри и ширина на коловоз 5,5 метри, започна во почетокот на октомври минатата година.

Во текот на изминатиот период, по целосното отстранување на дотраениот асфалт, беа поставени граничници и тротоари на обете страни на коловозот. Исто така, беше инсталирана и нова атмосферска и фекална канализациона мрежа. По постигнатата соодветна збиеност на подлогата и поставувањето на ситен дробеник, денес започна нанесувањето на првиот, погруб слој на асфалт. Граежните активности ќе финишираат деновие со нанесување и на завршен слој асфалт, кој ќе гарантира квалитет и долгогоишно користење на оваа улица.

Со ова, општина Македонска Каменица трајно го решава овој инфраструктурен проблем на жителите од овој дел на градот. Обезбедува полесен пристап на населението до своите домови и поврзувањето со фрекфентните улици Каменичка и улица 14-ти Јуни.
Вредноста на договорот за изградба на улица „Вера Јоциќ“ е 8.798.351 денари, кој изведувачот „Коле Транс Инжинеринг“ ДОО – Штип го спроведува според динамиката која му е зададена во склучениот Договор за изградба на улица Вера Јоциќ.

Сподели

Остави коментар