Се уредуваат цветните површини во Македонска Каменица

Вработените во ЈП Камена Река – Македонска Каменица, започнаа со активностите за разубавување на градското подрачје со нови  цветни аранжмани особено на јавните површини во централното градско подрачје.  Акцијата за засадување на пролетни цвеќиња и нивна декорација е дел од редовната работа на екипи од ЈП „Камена Река. Секторот за паркови и зеленило во рамки на годишната програма за работа на претпријатието веќе има произведено 10.000 пролетни цвеќиња од видовите петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и сл.

Еве неколку фотографии од пролетната акција на ЈП Камена Река за разубавување на централното градско подрачје на Македонска Каменица:

Сподели

Остави коментар