Потпишан Договорот за грант за набавка на возило за потребите на ЈП Камена Река

Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова го потпиша Договорот за грант со претставници на Меѓународната банка за обнова и развој во Скопје. Со овој проект, кој се одвива преку Министерството за финансии на Република Македонија се предвидува набавка на специјално возило ровокопач со вклучени додатоци за чистење на снег и хидрауличен чекан, за потребите на ЈП „Камена Река“.

Земајќи го во предвид фактот дека Македонска Каменица е ридско- планинска општина, возило од ваков тип значително ќе ја олесни и подобри работата на ЈП Камена Река. Претпријатието, во досегашниот период често пати имаше потреба од терененски активности во рурални средини со цел да им ги подобри условите за живот во руралните средини од општина Македонска Каменица. Со ова значително ќе ги намали проблемите околу навременото расчистување на патиштата кои се резултат на постојаните свлечишта и одрони карактеристични за овој дел од Македонија. Возилото ќе може да се користи за чистење на локални патишта, одржување на улиците во текот на зимската и летната сезона, чистење на речното корито и брегот, чистење на каналите и доловите во населените места и сл. Со ова, Општината и Јавното претпријатие Камена Река, ќе можат во иднина самостојно да ги задоволат потребите и навремено да одговорат на барањата и потребите на граѓаните.

Возилото, предмет на Договорот за грант ќе биде набавено од страна на општина Македонска Каменица и предадено на ЈП „Камена Река“.

Сподели

Остави коментар