Дневен ред на XLIV седница на Совет на општина Македонска Каменица

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002), член 19 од Статутот на општина М.Каменица („Службен гласник на општина M.Каменица” бр.20/2019 и 38/20),a во врска  со Одлуката за изменување и дополнување на Деловникот на Советот на општина Македонска Каменица бр.08-2069/1 од 29.12.2020 година („Службен гласник на општина M.Каменица” бр.38/20), Претсeдателот на Советот на ЕЛС Македонска Каменица донесе:

                                                                Р   Е   Ш  Е  Н  И  Е

                                       За свикување на  XLIV (44та) седница на Советот  на

                                                        ЕЛС   Македонска Каменица

    Седницата ќе се одржи он-лајн преку апликацијата  ZOOM на ден 31.05.2021 година  со почеток во 17:00 часот со следниот:

                                                                     Д н е в е н   р е д                                    

      –Усвојување на предлог- записник од 43та седница 

        на   Советот на   општина Македонска Каменица   

1.Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Македонска Каменица за период од 01.01.2021 година  до 31.03.2021 година.          2.Предлог-Одлука за усвојување на  финансиски извештај за работењето на ЈП „Камена Река“ Македонска Каменица за периодот од 01.01.2021 година до 31.03.2021 година. 

3.Предлог-Одлука за давање согласност на Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈП „КаменаРека“ Македонска Каменица бр.01-128/1 од 07.04.2021 година.

 4.Предлог-Одлука за давање  согласност на Огласот за запишување на ученици во Прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица во учебната 2021/2022 година.

5.Предлог-Одлука за давање  согласност на измена и дополнување  на годишен план за вработување во СОУ„Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица за 2021 година бр.02-125/1 од 22.04.2021 година.

6.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Горан Димитровски од Македонска Каменица.       

7.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Марјанчо Соколов од Македонска Каменица.       

8.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Весна Трифуновска од Македонска Каменица.

9.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Љупчо Стаменковски од с.Цера Македонска Каменица.

10.Предлог-Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства на Милош Николовски  од Македонска Каменица.

11.Разно.

                                                                                       Совет на општина М.Каменица                       

                                                                                                    Претседател                                                                                                                                   Иван Кузмановски

Сподели

Остави коментар