НАСТАНИ

КОКТЕЛ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Денес, во ресторан „Иднина“, општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“ организираа коктел за лица со посебни потреби од нашиот град. Градоначалникот г-ѓа Соња Стаменкова и финансискиот директор на Рудник „Саса“ г-дин Дејан Спасевски на овие лица им доделија новогодишни пакетчиња, а за возврат добија големи новогодишни честитки. Поддршката за лицата со посебни потреби и нивната…

Учениците од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ организираа хуманитарен базар

Учениците и наставниот кадар од СОУ „Миле јаневски Џингар“ го организираа традиционалниот хуманитарен новогодишен базар. Средношколците од Македонска Каменица заедно со лицата со посебни потреби изработија новогодишни украси и честитки кои беа изложени во централното градско подрачје и истите се продаваа по симболични цени. Поведени од фактот дека хуманоста е најубавата човекова одлика и посебност,…

Традиционален предновогодишен коктел во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица, по повод Новогодишните и Божиќните празници, организира традиционален коктел за сите локални жители. Коктелот ќе се оддржи во петок (29-ти декември 2017 година), во Ресторан „Саса“, со почеток од 16.30 часот. На традиционалниот предновогодишен коктел, покрај официјалниот дел, ќе има и музичка програма во рамки на која ќе настапи локалниот бенд Риплеј.…

Општина Македонска Каменица денес слави 21-ви роденден

На денешен ден, на 14-ти декември 1996 година е конституиран првиот Совет на општина Македонска Каменица. На овој ден започнува функционирањето на Македонска Каменица како самостојна општина и создавање на локални установи и институции. Денес, Македонска Каменица слави 21-ви роденден и цврсто чекори кон светла и прогресивна иднина.

Одбележан денот 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

По повод 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова денс со почеток во 11 часот приреди коктел за лицата со попреченост. „Вие не сте лица со посебни потреби туку лица со посебни способности!“ со овие зворови пред присутните во салата за сотаноци им се обрати Градоначалникот…