Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локални депонии за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во општина Македонска Каменица

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 39/16 и 99/18), Општина Македонска Каменица на ден 23.04.2024 година донесе

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

1. За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локални депонии за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во општина Македонска Каменица кој го одобрува Градоначалникот на општина Македонска Каменица потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локапни депонии за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во општина Македонска Каменица се определуваат следните: општина Македонска Каменица, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и др.

3. Донесувањето на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – локални депонии за одлагање на неопасен отпад – депонија за комунален отпад во општина Македонска Каменица, за чија изработка е одговорен “Ингра” ДООЕЛ од Скопје, ќе има влијание врз животната средина.

4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание по однос на генерирање на комунален и градежен отпад, влијание врз биодиверзитеот, влијание врз амбиентниот воздух и влијание од несреќи и хаварии.

5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Македонска Каменица на следната веб адреса/и: www.makedonskakamenica.gov.mk

6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната.

Документи:

Сподели

Остави коментар