ИЗВЕСТУВАЊЕ до Здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и други форми на здружување од областа на спортот

До: Здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и други форми на здружување од областа на спортот

Предмет: Известување до Здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и други форми на здружување од областа на спортот чие што седиште е на територијата на општина Македонска Каменица, а кои што имаат добиено финансиски средства од Буџетот на општина Македонска Каменица во 2020 година

Согласно Член. 49 став 5 од Законот за здруженија и фонадации („Службен весник на РМ“ број 52/10, 135/11, 55/16) Здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови и други форми на здружување од областа на спортот кои добиле финансиски средства од Буџетот на општина Македонска Каменица во 2020 година се должни да достават деловен и финансиски извештај до Совет на општина Македонска Каменица за реализацијата на доделените средства.

Во прилог на финансискиот извештај треба да биде приложен и наративен извештај во кој ќе биде образложено, како и за кои цели се потрошени доделените финансиски средства од Буџетот на општина Македонска Каменица.

            Наративниот и финансискиот извештај до Архива на општина Македонска Каменица треба да биде доставен најдоцна до 15.01.2021 година.

Сподели

Остави коментар