Прес- конференција за реализација на проект од IPA програмата за набавка на опрема во Дом на култура

Денес, во Домот на култура во Македонска Каменица, во организација на КИЦ „Романса“ се одржа прес конференција на која беше презентиран проектот „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“. Реализацијата на проектот, кој е кофинансиран од IPA програмата, доаѓа по повеќе годишна соработка помеѓу КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица и Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, Република Бугарија. Реализацијата на проектот во себе опфаќа реконструкција на зградата од Културниот центар на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица и обезбедување на опрема за КИЦ „ Романса“ во нашиот град.

 

 

На прес конференцијата, при првата промоција на проектот говореа градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, Маја Падарева – директор на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ и координатор на проектот од Белица , Република Бугарија како проектниот менаџер од Македонска Каменица – Гоце Ангелов. Вкупната вредност на проектот е со приближна вредност од 360 илјади евра, при што опремата која што ќе се набави за КИЦ „Романса“ е со износ приближен од 60 000 евра. Во рамки на претходниот проект од IPA програмата преку Светска банка беа обезбедени дел од средствата за реконструкција на зградата од Дом на култура во Македонска Каменица.

Ова е прв дел од презентацијата на проектот со кој се овозможува подобрување на условите за искористување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи за соработка во подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство, следува презентација на истиот во организација на општина Белица, во текот на наредниот период.

Сподели

Остави коментар