ЈАВЕН ПОВИК ДО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР И КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА ЗА 2018 ГОДИНА

Општина Македонска Каменица упатува јавен повик до Здруженијата на граѓани и фондации, спортските  клубовите,како и други форми на здружување,кои се корисници на средства од буџетот на општина Македонска Каменица за 2018 година.

Минатогодишните корисници на средства од Буџетот на општина Македонска Каменица се должни за потрошените средства да достават извештај со неколку задолжителни делови:

-Во наративниот дел за корисниците на средства од Програмите за работа на Советот на општина Македонска Каменицат е потребно да се опишат реализираните активности  и проекти,учества во општински, регионални и национални лиги, државни и меѓународни турнири,остварените спортски резултати,бројот на членови во клубот,заеднички проекти со Општина Македонска Каменица и слично.

-Финансискиот дел се состои од детален приказ за потрошени средства поткрепен со соодветна документација.

Извештајот може да се достави до Архива(соба бр.1) на општина Македонска Каменица најдоцна до 04 март 2019 годинаили на е-адресата на општина Македонска Каменица: opstina@makedonskakamenica.gov.mk.

Поднесениот извештај на корисниците на општинските буџетски средства е услов за користење на средства од програмите за работа на Советот на општина Македонска Каменица за 2019 година.

Во 2018 година од овие програми беа наменети 4.548.070 денари за активности и проекти на здруженија, спортски клубови и сојузи.

Сподели

Остави коментар