АКТИВНОСТИ

Општина Македонска Каменица ќе го зголемува и бројот и износот на стипендиите за ученици и студенти

Македонска Каменица, 09.03.2018 – Со измени во Правилникот за стипендирање на ученици и студенти, општина Македонска Каменица ќе го зголеми бројот на стипендирани ученици и студенти, а ќе се зголеми и износот на стипендиите. Согласно предложените измени кои ќе бидат доставени до Советот на ЕЛС Македонска Каменица веќе на мартовската Седница, предвидено е да се…

ОТЧЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СОЊА СТАМЕНКОВА (ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Почитувани сограѓани, Поминаа сто дена од преземањето на локалната власт во општина Македонска Каменица. Ова е период во кој силно се насочивме кон создавање на отворена и услужна општина за сите каменичани, период на градење нов препознатлив имиџ на општина кој е партнер на…

Денес во работна посета на општина Македонска Каменица беа претставници на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје – лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема. На средбата беше потпишан меморандум за соработка во делот на подигнување на јавната свест за селектирање на електричен и електронски отпад и отпадни батерии и акумулатори заради остварување на заедничките цели…

„Камена река“ ќе го собира градежниот шут и дотраениот мебел од Каменица

На иницијатива на општина Македонска Каменица, Јавното претпријатие „Камена Река“ ќе започне со собирање на градежен шут и непотребен мебел. Поради тоа, Ј.П. ,,Камена Река” како главен сервис на граѓаните на општина Македонска Каменица, ги известува корисниците на комунални услуги дека ќе врши изнесување и депонирање на градежен шут (кој претходно треба да биде соберен…

Зголемен е паричниот надомест за новородено дете во Каменица. Првото новороденче во 2018 година ќе добие 20.000 денари.

Општина Македонска Каменица, со Одлука на Советот за измена на Правилникот го зголеми паричниот надомест кој се исплаќа на секое новородено дете на подрачјето на Македонска Каменица. Првото новороденче ќе добие 20.000 денари, а останатите новороденчиња во 2018 година ќе добиваат еднократен паричен надомест од 10.000 денари. Досега, Општината исплаќаше по 6.000 денари за секое…