ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

Општина Македонска Каменица набавува ново специјално противпожарно возило

Општина Македонска Каменица објави постапка за јавна набавка и испорака на ново специјално противпожарно возило, наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица. Набавката на новото возило ќе придонесе за зајакнување на оперативните капацитети на противпожарната единица и подобрување на условите за работа на пожарникарите. Современото специјално возило ќе овозможи побрза, поефикасна и побезбедна интервенција при…

Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ве поканува на јавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040, која ќе се одржи на 15 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Салата на Советот на Општина Штип. Јавната расправа се…

Покана за третата сесија на Проектниот форум во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица ги поканува граѓаните да земат активно учество на третата сесија на Проектниот форум, која ќе се одржи на 10 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во Спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ во Македонска Каменица. На третата форумска сесија ќе бидат детално презентирани четири предлог-проекти од областа на…

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за енергетски ефикасни фасади и реконструкција на кровови

Проект за воспоставување на one-stop-shop за подобрување на енергетската ефикасност, во станбениот сектор, во рамки на проектот OSS HABITAT Општина Македонска Каменица ги известува заинтересираните заедници на сопственици и сопствениците на посебни делови во станбени згради дека е продолжен рокот за поднесување апликации на Јавниот повик за субвенционирање за изработка на проектна документација, поставување енергетски…

Продолжено работното време на угостителските објекти за време на „Каменичко културно лето“

Советот на Општина Македонска Каменица донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на општината за време на одржувањето на манифестацијата „Каменичко културно лето“. Согласно донесената одлука, на 26, 27 и 28 август 2026 година работното време на угостителските објекти во Македонска Каменица се продолжува за два часа. Одлуката е донесена…