На 13 септември 2026 година, со почеток во 10:30 часот, на Еленец во село Цера ќе се одржи традиционалната манифестација „Бабина баница 2026“. Организатор на манифестацијата е Здружението на пензионери Македонска Каменица, во соработка со Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица. Манифестацијата и оваа година ќе ги обедини традиционалната домашна кујна, народното…
ОПШТИНА
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО УГОСТИТЕЛИТЕ КОИ КОРИСТЕА ЈАВНА ПОВРШИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД
До сите угостители кои за време на одржувањето на настаните на градскиот плоштад имаа поставено свои штандови, маси, фрижидери и друга опрема, Ве известуваме дека денес, во текот на денот, сте должни целосно да ја отстраните поставената опрема и сите материјали од јавната површина на градскиот плоштад. Исто така, потребно е веднаш да го отстраните…
Продолжено работното време на угостителските објекти за време на „Каменичко културно лето“
Советот на Општина Македонска Каменица донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на општината за време на одржувањето на манифестацијата „Каменичко културно лето“. Согласно донесената одлука, на 26, 27 и 28 август 2026 година работното време на угостителските објекти во Македонска Каменица се продолжува за два часа. Одлуката е донесена…
Објавена програмата за „Каменичко културно лето 2026“
Општина Македонска Каменица ја објавува програмата за „Каменичко културно лето 2026“, кое ќе се одржи од 26 до 28 август на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Во рамки на тридневната програма се предвидени содржини за различни генерации, детски фестивал и претстави, настапи на културно-уметнички друштва, концерти и музичка програма со диџеи. Програма: 26 август 2026…
Градоначалничката Соња Стаменкова на работна средба во Белица во рамки на проектот ALLURE
Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, денес во Белица, Република Бугарија, оствари работна средба со градоначалникот на Белица, Радослав Ревански, градоначалникот на Јакоруда, Мехмед Вакљов и градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов, во рамки на прекуграничниот проект ALLURE. На средбата се разговараше за реализацијата на предвидените проектни активности, меѓусебната соработка и можностите за поврзување и…




